Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Анчелоти ја отфрли идејата Роналдо да се врати во Реал Мадрид

Анчелоти ја отфрли идејата Роналдо да се врати во Реал Мадрид
Img 7972

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги отфрли шпекулациите дека планира да го врати Кристијано Роналдо во шпанската престолнина.Петкратниот освојувач на „Златната топка“ имаше успешна деценија во Реал, но си замина со изнеадувачки трансфер во Јувентус во 2018 година. Сега тој влегува во последната година од договорот со италијанскиот клуб и шпекулациите велат дека Реал Мадрид, Манчестер сити или Пари Сен-Жермен се неговите посакувани следни дестинации.

Анчелоти преку Твитер порача дека нема вистина во овие шпекулации.

„Кристијано е легенда на Реал Мадрид и ја има целата моја почит и љубов. Никогаш не размислував да потпишам со него. Гледаме напред. Хала Мадрид“, напиша Анчелоти.

> Анчелоти ја отфрли идејата Роналдо да се врати во Реал Мадрид <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај