Карло Анчелоти смета дека Реал успеа да избегне елиминација од Лигата на шампионите бидејќи неговите играчи имале поголема енергија и во ситуацијата кога Челси на „Сантијаго Бернабеу“ водеше со 3:0.
По натпреварот, Анчелоти упатил честитки до тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, чиј тим го елиминира Баерн Минхен.
„Му честитам на Емери. Среќен сум поради Вилјареал, навистина сум среќен. Заедно им дадовме големо охрабрување на сите во Шпанија. Слушав приказни дека шпанските клубови се инфериорни во однос на англиските. А сепак две шпански екипи се во полуфиналето“, рекол Анчелоти.
> Анчелоти: Слушав приказни дека англиските тимови се подобри од шпанските <