Утрински Весник
Спорт

Анчелоти и Вигман се најдобри тренери во минатата сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и селекторката на англиската фудбалска репрезентација, Сарина Вигман се прогласени за најдобри тренери од УЕФА при ждрепката за Лигата на шампиони во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Анчелоти имаше фантастично враќање на клупата на „Сантијаго Бернабеу“, носејќи им ја европската титула по победата над Ливерпул во финалето во Париз, а ја освои и титулата од Ла лига, за во гласањето да ги победи Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Јирген Клоп од Ливерпул.

Холанѓанката Вигман пак, им ја донесе првата европска титула на Англичанките по победата над Германија во финалето на Еуро 2022, за вторпат да ја освои титулата, откако претходно беше шампион со Холандија во 2018 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина