Утрински Весник
Свет

Антонов: Санкциите против Русија ја влошуваат глобалната ситуација

Русија не е изненадена од новите санкции воведени од САД и останува убедена дека таквите ограничувања само ја влошуваат глобалната економска ситуација и влијаат на достапноста и безбедноста на храната во светот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Не сме изненадени од новите ограничувања“, рече амбасадорот, опишувајќи ги како „уште една потврда за русофобната хистерија на Вашингтон“, пренесува ТАС С.

„Убедени сме дека штетната практика на ограничување само ќе ги влоши глобалните проблеми, што ќе доведе до нови нарушувања во синџирите на снабдување и ќе влијае на безбедноста на храната. Економските флуктуации можат да се одразат и на САД“, нагласи Антонов на Телеграмскиот канал на руската амбасада.

Тој додаде дека дури и во ситуација кога е погодена од ограничувања и забрани, Москва е подготвена да ги сервисира своите долгови.

„Убедени сме дека обидите да се блокира можноста за плаќање за Русија нема да останат незабележани од сериозните инвеститори, со што ќе се наруши довербата во САД“, рече рускиот амбасадор.

На 2 јуни, американската влада ги прошири своите црни листи со санкции против Русија, поради агресијата врз Украина, додавајќи функционери, претприемачи и директори на компании, како и 16 компании.

Американското Министерство за трговија додаде 71 правен субјект од Русија и Белорусија на црната листа, вклучително и бројни бродоградители и производители на авиони, според ТАС С.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени