Утрински Весник
Спорт

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Италијанските и англиските медиуми објавија дека трофејниот тренер пристигнал во Лондон, на завршни преговори со клубот. Конте има богато искуство во Премиер лигата, со Челси стана шампион во 2017 година.

Извори од Англија и Италија, наведуваат дека Конте ја прифатил понудата и дека само треба да го договори време траењето на договорот. Тотенхем, претпладнево, му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто. Португалецот на клупата на клубот од северен Лондон се задржа само четири месеци.

Конте, изминатите недели се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но откако Оле Гунар Солскјер успеа да „преживее“, тој реши да ја прифати понудата од Тотенхем.

Се претпоставува дека најзаслужен за ангажирањето на Конте е неговиот добар пријател, Фабио Паратичи, кој е спортски директор во клубот. Овие двајца имаа успешна соработка во Јувентус.

> Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем <

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025