Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Антокорупциска откри случаи на злоупотреби од страна на обложувалници

Антокорупциска откри случаи на злоупотреби од страна на обложувалници
300x250 opst2

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) откри злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на спортски обложувалници.

Од ДКСК предлагаат да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш, бидејќи засега со првичната проверка, околу 40.000 евра биле ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните.

Антикорупциската комисија апелира до играчите на среќа и граѓаните, да си ги проверат даночните пријави бидејќи има случаи на губење на социјална помош, крадење на лични податоци, земање на кредити, истакна членот на ДКСК, Горан Трпеноски.

Тој рече дека за ова се известени институциите, но, како што додаде, не постои регулатива за пропишан систем за евиденција на играчи кај уплата на влоговите, и издавањето на уплатниот тикет. Тоа значи дека нема можност да се контролира исплатата во кеш – се исплаќа на рака, а не се става на трансакциска сметка.

Од Управата за јавни приходи објасниле дека невозможно е да се врши надзор и контрола од страна на која било институција во државата за тоа дали операторот на уплатното место ги внесува личните податоци на вистинскиот добитник со оглед на тоа што во текот на едно деноноќие се вршат повеќе илјади исплати на ниво на државата. Трпеновски вели дека ова значи оти има голем системски пропуст и дека Законот за игри на среќа дозволува финансиски малверзации односно перење пари.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива