Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска: Обвинувањата на Иванов се неосновани

Антикорупциска: Обвинувањата на Иванов се неосновани

Државната комисија за спречување корупција вели дека наводите на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, дека претседателката Билјана Ивановска ја злоупотребува функцијата, се неосновани.

„По повод јавно искажаните обвинувања и паушални наводи  од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов, кон претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Државната комисија со индигнација и во целост ги отфрла истите“, се наведува во реакцијата.

Од таму додаваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што, како што велат, целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

Од ДКСК велат дека писмено ќе одговорат на барањето на Иванов за доставување  информација за статусот на отворените предмети кои ги води Антикорупциска за него. Станува збор за предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шок за иселеник: Работи во Швајцарија, а дома го чекал долг од 82.000 евра за кредит што никогаш не го зел

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра 

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите