Комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница утврди дека во предметот „Шпанско село“, кој се однесува против Илир Хасани, Горан Филипoв и родителите на сопругата на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, нема судир на интереси.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, образложи дека во однос на финанскиот дел утврдиле дека има конкурентност и оти имало електронска аукција. За парцелите рече дека имотите се купени уште од 2014 година, а објектите се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, односно пред локалните избори.
„Станува збор за приватни, а не за службени лица, во време кога се купувало земјиштето. Во анкетните листови сѐ е уредно пријавено и предлагам целата постапака за запре и предметот да се затвори“, рече Ивановска.
Предметот во антикорупциската го поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија обвини дека министерот Венко Филипче преку сопругата Маја, мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ, заедно со Горан Филипов – сопственикот на фирмата „Синерџи“, е сопственик на вкупно 11 катастарски парцели, со вкупна површина од 13.506 м2 во Нерези. ВМРО-ДПМНЕ обвини и дека смејството на Филипче било коспоственик на парцела и со директорот на Ургентен центар, Хасани.