Утрински Весник
Македонија

Анкета на Универзитетскиот студентски сојуз за on-line наставата на УКЛО-Битола

Анкета на Универзитетскиот студентски сојуз за on-line наставата на УКЛО-Битола

Битола, 26 март 2020 (МИА)Универзитетскиот студенстки сојуз (УСС) при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО) реализира анонимна анкета меѓу студентите, а со цел да обезбеди податоци за организацијата и реализацијата на on-line наставата или учење од далечина на тој Универзитет.

Во е-анкетата се вклучиле близу 1.000 студенти кои понудиле предлози за подобрување на едукативниот процес на Универзитетот.

Заклучоците од анкетата во кои се детектирани потенцијалните пречки и проблеми со кои може да се соочат студентите, УСС ги достави до Ректоратот на УКЛО и тие ќе се споделат со наставниот кадар.

-Реактивноста на студентите, нивната отвореност и непосреден активизам наидоа на позитивен прием кај ректорскиот колегиум кој дел од предлозите и сугестиите ќе ги преточи во препораки до високообразовните институции во составот на УКЛО.  Оваа соработка претставува поддршка за Универзитетот во неговите напори да обезбеди непречено одвивање на високообразовниот процес во видоизменети  услови на функционирање, информираат од Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините 

Утре се одбележува на денот на првата пешадиска бригада 

Ја тепал и ја присилувал на дрога – сведоци го опишаа пеколот на Ивана и детето