Утрински Весник
Македонија

Анкета на Макфакс: Тито е најзаслужен за создавање на македонската држава

Анкета на Макфакс: Тито е најзаслужен за создавање на македонската држава

Онлајн анкета на истражувачкиот центар на Макфакс покажува дека граѓаните сметаат оти најзаслужен за создавање на македонската држава е доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз-Тито.

Од 2.908 анкетирани кои се приклучиле на гласањето, на прашањето „Кој е најзаслужен за создавањето на македонската држава“, 56% одговориле Тито. За Гоце Делчев гласале 18,5 проценти, за Методија Андонов Ченто 14,5%, а за Киро Глигоров 11 проценти од гласачите.

Од 2.908 што учествувале во анкетата, 45,8 проценти се жени, а 54,2 проценти се мажи.

Во однос на возраста, 11,5 проценти од оние кои гласале имаат од 18 до 24 години, 20 проценти се од 25 до 34 години, најголемата група која гласала е на возраст од 35 до 44 години односно 23,3 проценти. 16,7% се на возраст од 45 до 54 години, 18,8 % од 55 до 64 години, и 9,7 % над 65 години.

Најголем број гласови има од Македонија, односно 83,9 %. Анкетата беше спроведена на 14 интернет-страници во траење од 24 часа, односно од 13 декември во 14 часот до 14 декември во 14 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон