Утрински Весник
Свет

Анкета на ЕП: За своите земји најкритични Словенците и Хрватите, сметаат дека е потребна е реформа на ЕУ

Анкета на ЕП: За своите земји најкритични Словенците и Хрватите, сметаат дека е потребна е реформа на ЕУ

Повеќе од половина европски граѓани сметаат дека економската состојба во нивните земји ќе биде полоша за една година и не очекуваат да живеат подобро, но, сепак, мнозинството верува дека ЕУ ќе најде одговори на кризата, покажува анкетата организирана од Европски парламент.

Испитаниците беа запрашани како живеат во пандемија и што очекуваат во следната година, како и што мислат за ЕУ ​​и придобивките од членството и за улогата и приоритетите на Европскиот парламент.

Истражувањето покажа дека повеќе испитаници, во просек, веруваат дека работите се одвиваат подобро на европско ниво отколку во нивната земја, две третини се оптимисти за иднината на Европската унија и речиси три четвртини сметаат дека европскиот план за закрепнување ќе им овозможи економиите на земјите побрзо да закрепнат од негативните последици од пандемијата.

Во споредба со есента 2019 година, бројот на граѓани кои имаат позитивно мислење за Европската унија е зголемен за десет процентни поени, на 50 проценти.

Граѓаните, сепак, тешко се справуваат со кризата и имаат малку надеж дека состојбата ќе се подобри во следната година.

Педесет и три проценти од европските граѓани сметаат дека состојбата во нивната национална економија ќе биде полоша за една година, 23 проценти дека ќе остане иста, а само 21 процент дека ќе биде подобро.

Во Хрватска 54 проценти од испитаниците сметаат дека состојбата во националната економија ќе биде полоша за една година, 30 проценти мислат дека ќе биде иста, а само 15 проценти дека ќе биде подобро. Триесет проценти од Хрватите сметаат дека за една година нивните услови за живот ќе бидат полоши од денешните, 45 проценти мислат дека ќе бидат исти, а 23 проценти дека ќе бидат подобри. Повеќето од нив исто така сметаат дека Европската унија треба да се реформира.

Кога станува збор за изгледите за подобар живот, постои значителна разлика помеѓу Источна и Западна Европа.

Граѓаните се најпесимистични во Словачка (43 проценти), Грција (40 проценти), Романија (36 проценти), Бугарија (35 проценти) и Словенија (35 проценти). На северозапад, само седум проценти од Данците и Холанѓаните сметаат дека ќе бидат полоши во следната година. Во три земји-членки – Латвија (68 проценти), Франција (67 проценти) и Чешка (67 проценти) – повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека нивните национални економии ќе опаѓаат. Најголем удел на граѓани кои очекуваат подобра економска состојба е забележан во Малта (42 проценти), Ирска (39 проценти) и Естонија (34 проценти).

Анкетата „Парламетар 2020 година“ беше спроведена во ноември и декември на 27.213 граѓани од 27 земји-членки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата