Утрински Весник
Магазин

Анкета: Мнозинството Британци сакаат на Хари и Меган да им бидат одземени титулите

Анкета: Мнозинството Британци сакаат на Хари и Меган да им бидат одземени титулите

Онлајн анкета нарачана од британскиот весник „Дејли мејл“ открива јавен бес кон Сасекси бидејќи мнозинството повикува Хари и Меган да им бидат одземени титулите.

Повеќето Британци сметаат дека Хари и Меган рекле „погрешни нешта во погрешно време“, и не заслужуваат да бидат финансирани, и дека го нарушиле угледот на целото кралско семејство.

Повеќето Британци сметаат дека војводата и војвотката од Сасекс не биле во право што дале такво експлозивно интервју.

Мнозинството од јавноста верува дека тие ја изневериле кралицата – и треба да им бидат одземени кралските титули.

Британски медиуми, кои веднаш ги пренесоа резултатите од анкетата спроведена од истражувачката компанија JL Partners за „Дејли мејл“, коментараат дека може да се создаде длабок гнев во јавноста ако тоа не се случи.

Анкетата е спроведена откако милиони луѓе во понеделникот на „Ај-ти-ви“ го гледаа експлозивното интервју за Опра Винфри, еден ден по неговото емитување во САД.

Повеќето испитаници сметаат дека угледот на монархијата е нарушен, дури и личната популарност на кралицата – иако не толку многу колку таа на принцот Хари и принцот Чарлс.

Прашани за инфламаторните обвинувања на двојката за расизам во рамките на кралското семејство, повеќе луѓе не веруваат во тврдењата на Меган. Сега таа е најмалку популарна војвотка, или член на кралксто семејството, по принцот Ендру.

Резултатите откриваат поделба помеѓу постарите и помладите Британци – со вторите честопати поподготвени да ги прифатат тврдењата на Хари и Меган.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста