Утрински Весник
Магазин

Анкета: Зошто мажите сакаат пополнички девојки?

Анкета: Зошто мажите сакаат пополнички девојки?

Лос Анџелес, 8 јуни 2020 (/) – Некои мажи сакаат полнички жени, но тоа не е само поради нивното тело… Следуваат причините поради кои тие жени се посакувани, претпочитани и неодоливи.

„Прегратката со полничка девојка е поубава, помека и подолготрајна“, гласи коментарот на испитаник во една скорешна интернет-анкета. Ова ќе рече дека и мажите, без сомнеж, сакаат гушкање и галење.

Други пак, сметаат дека „буцките“ се, „по правило“ – попозитивни личности, имаат позитивна природа, подобри комуникациски вештини и со нив никогаш не е здодевно.

Секако, тука е и физичкиот изглед, односно поизразените облини, нозе, колкови, струк и торзо, коишто според многумина се неодоливи. Тоа, меѓу другото, ја прави жената и посамоуверена.

Но, полничките жени се и погрижливи. Сакаат да минуваат повеќе време со блиските, па и со родителите… Уживаат во еднставните работи во животот, како што е готвењето или обичниот разговор.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските тимовина СТЕМ Академија со врвни резултати на Светската олимпијада за роботика во Грција

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција

Свето Благовештение (Благовец) – 24info.mk