Утрински Весник
Македонија

„Анима мунди“: Во градинка во Делчево колеле јагниња, ова е траума за децата

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ ги повикува Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за труд и социјална политика итно да постапат, во врска со случај, на како што велат, мачење на животни и траумирање на деца во Делчево.

„Вработените од градинката ‘Весели Цветови’ во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество“, се наведува во реакцијата на здружението, во која се додава дека чин на колење не доликува на вработени во воспитно образовна институција.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово