Утрински Весник
Македонија

Анета Симеска Димоска назначена за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Влада: Од Институтот за македонски јазик сами понудија толкувања на зборовите што предизвикаа реакции

На предлог на Комисија за именување Владата ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија, информираат од прес службата на владата.

Од таму појаснуват дека Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии.

Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Симеска-Димоска доаѓа на местото на Стојко Пауноски, кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Можете да прочитате

Отворена хуманитарно-продажната изложба во НУЦК „Бели мугри“ за повредените во „Пулс“

Поради боево гаѓање утре од 8:00 до 15:00 часот забрането секакво движење кај Виречка Полјана, Делчевско

Јахоски се жали на одлуката на судот кој не прифати над 2 милиони евра гаранција да излезе од Шутка