Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Андреа Пирло официјално на клупата на Јуве!

Андреа Пирло официјално на клупата на Јуве!
Img 7972

Јувентус ги потврдија шпекулациите и го именуваа Андреа Пирло како тренер на клубот откако го отпуштија Маурицио Сари, само една недела откако го именуваа поранешниот фудбалер на клубот како тренер на У-23 тимот (неофицијално Јувентус-Б).

„Андреа Пирло е нов тренер на Јувентус. 41-годишниот Пирло е роден во Флоре во провинцијата Бреша и имаше легендарна кариера како фудбалер и тренер, освојувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство. Во четири години во клубот, тој освои исто толку лигашк титули, и еден трофеј од Копа Италија. Денеска е почеток на ново поглавје во неговата кариера – од Маестро до Мистер. Од денеска тој е тренер на луѓето на Јувентус, и клубот му ја дава целосната доверба“, се вели во соопштението на Јуве.

Ова е прва тренерска работа за Пирло, кој го заменува Сари, кој доби отказ неколку часа по елиминацијата од Лион во Лигата на шампионите, откако ја освои деветтата титула во низа во Серија А.

> Андреа Пирло официјално на клупата на Јуве! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај