Утрински Весник
Спорт

Андреа Лекиќ во Ференцварош

Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ (34), кариерата ќе ја продолжи во екипата на Ференцварош, објави унгарскиот клуб.

Лекиќ, трет најдобра стрелец во историјата на Лигата на шампионите, по завршувањето на сезоната од Крим ќе се пресели во Ференцварош.

Поранешната репрезентативка на Србија има искуство во првенството на Унгарија. Во минатото таа играше за Ѓер, екипа со која ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Лекиќ кариерата ја започна во ОРК Белград, потоа играла за Раднички, Књаз Милош, Вардар, Букурешт и Будуќност.

> Андреа Лекиќ во Ференцварош <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости