Утрински Весник
Магазин

Андреа Коевска за само една позиција не се пласирала во финалето на Евровизија

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која во втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ го освоила 11-тото место, покажуваат податоците од гласањето.

Во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што македонската претставничка не успеа да се квалификува за само една позиција.

Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.

Вчера во Торино, Италија се одржа финалето на музичкиот натпревар, пришто победи Украина со песната „Стефанија“.

Во финалната вечер учествуваа 25 држави.

Можете да прочитате

Коефициентот на интелигенција не е показател за успехот на вашето дете, туку овие вештини

Без прашина со недели, само со овој производ од бањата

Чорба од лосос – 24info.mk