Утрински Весник
Македонија

Андоновска: Ако за вакцинација сте се пријавиле во април, па во јуни, системот го евидентира само последното пријавување

Андоновска: Ако за вакцинација сте се пријавиле во април, па во јуни, системот го евидентира само последното пријавување

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска на прес-конференција посочи на проблем со системот за пријавување за вакцинација.

Марија Андоновска исакна дека се’ уште луѓе над 60 години и со хронични заболувања чекаат да бидат повикани за вакцинирање иако се уредно пријавени на сајтот vakcinacija.mk

„Ако сте веќе еднаш пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што според кажувањата на одговорното лице од одделот за електронско пријавување, кој како одговор го добивме јавувајќи се на бројот 0215444, се евидентира само датата на вашата последна регистрација на сајтот. Тоа значи дека ако сте се пријавиле во април месец па потоа во јуни, системот ќе го евидентира вашето последно пријавување, односно она што сте го направиле во јуни месец“, рече Андоновска.

Таа нагласи дека никој од надлежните досега ги нема известено за граѓаните за овој проблем, што е крајно несериозен пристап на министерството и министерот за здравство, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа