Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Англичаните не ги примаат ниту во Шпанија – Челси ќе игра во Варшава, Јунајтед во Торино?

Англичаните не ги примаат ниту во Шпанија – Челси ќе игра во Варшава, Јунајтед во Торино?
300x250 opst2

Откако беше потврдено дека Ливерпул ќе гостуваат во Будимпешта кај РБ Лајпциг во меч од Лигата на шампионите, и гостувањата на Челси и Манчестер јунајтед во европските купови ќе добијат најнови дестинации.

УЕФА веќе преговара со Атлетико Мадрид околу тоа првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Челси на 23 февруари да се префрли во Варшава или Букурешт бидејќи Шпанија го забрани пристигнувањето од Велика Британија поради новиот сој на КОВИД-19.

Идентичен проблем имаат и Манчестер јунајтед, кои во меч од Лига Европа треба да гостуваат кај Реал Сосиедад на 11 февруари, но невозможно е „ѓаволите“ да пристигнат во Сан Себастијан, и тука опцијата е „Алијанц стадионот“ на Јувентус во Торино.

> Англичаните не ги примаат ниту во Шпанија – Челси ќе игра во Варшава, Јунајтед во Торино? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент