Ливерпул, без комплетната одбрана, без капитенот и најдобриот стрелец, синоќа успеа да забележи убедлива победа над Лестер (3:0). „Црвените“, заедно со Тотенхем, се лидери во Премиер лигата.
По натпреварот, Јирген Клоп, имал монолог, кој бил вперен кон телевизиските куќи. Менаџерот на Ливерпул е огорчен од бројот на повредите со кои се соочува неговиот, но и останатите клубови. Тој смета дека распоредот е пренатрупан. Виновници, според него, се носителите на телевизиските права. Телевизиите инсистирале да се играат сите натпревари и натпреварувања на клубовите и репрезентациите.
Клоп, во изјавата за „Скај Спорт“ директно ги посочил „БТ Спорт“. Неговиот монолог не можеле да го видат гледачите во Англија. Неговите зборови допреледо светот благодарение на американската телевизија „Ен-би-си“.
„Знам дека ТВ-куќите не се грижат за тоа, тоа е проблемот. Доколку не се договорите вие и „БТ Спорт“, ние сме готови. Доколку продолжиме да играме во среда и четврток навечер во европските и репрезентативните натпреварувања, а потоа во сабота и недела на пладне во Премиер лигата, не сум сигурен дека сезоната ќе ја завршиме со 11 здрави фудбалери. Знам дека се се грижите за ова и тоа е проблем“, рекол Клоп.
Тој не ја исклучува можноста, сегашната состојба да остави долгорочни последици по фудбалот.
„Ова не го зборувам само во името на Ливерпул, туку и во името на сите фудбалери. Зборувам во името на играчите кои треба да ја претставуваат Англија на Европското првенство. Чинам дека викендов се повреди Сака во Премиер лигата, тој претходно во една недела одигра три натпревари за Англија“.
„Ни зборуваат да ги ротираме играчите. Кои играчи? Само деца ни останаа“, рекол огорчениот Клоп.
На крајот открил што е она што најмногу му пречи.
„Доколку некој уште еднаш ми ги спомне ТВ-правата, тогаш навистина ќе полудам. Треба да се почитуваат потпишаните договори со ТВ-куќите, но тие не се направени, ниту потпишани за корона-сезона. Мораме да се прилагодиме на новата ситуација. Зборуваме со маски, животот се смени, не се сменија само договорите со телевизиите. На секој приговор тие одговараат: ‘Тоа е наше, нема да отстапиме’. Молам?“, го завршил монологот Клоп кој бил цензуриран во најголем дел од планетата.
> Англиска цензура за Јирген Клоп <