Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Ситуацијата кај беровско Мачево ескалира, пратени се три хеликоптери

Ангелов: Ситуацијата кај беровско Мачево ескалира, пратени се три хеликоптери

Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското село Мачево каде ситуацијата со пожарот ескалира, објави на социјалните мрежи, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што посочи тој, огнената стихија полнала да претставува опасност за неколку куќи во селото.

„Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (Пехчевско / Делчевско / Беровско) се додека има доволно дневна светлина“, нагласи директорот на ЦУК.

Претходно попладнево беше објавено дека ситуацијата со пожарот нагло се влошила, особено кај селата Робево и Мачево, каде поради ветрот дошло до брзо ширење на огнот по боровата шума.

Голем број припадници на надлежни органи, довроволци, како и пожарникари од Австрија, се обидуваат да го локализираат пожарот.

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето