Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава

Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава
Img 7972

Стојанче Ангелов кој од синоќа раководи со Главниот Штаб за управување со кризната состојба во земјата, на социјалните мрежи напиша дека завршило времето кога безгрижно си кршел керамиди со глава.

„Почитувани ФБ пријатели! Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19“, напиша Ангелов, кого неодамна владата го постави за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Почитувани ФБ пријатели!
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со…

Posted by Стојанче Ангелов on Saturday, November 21, 2020

Ангелов ги повика граѓаните заради поуспешна работа на Главниот Штаб, своите конструктивни идеи, забелешки, совети и критики да ги напишат на ФБ страната на Центарот за управување со кризи.

Денеска на седница на Кризниот штаб треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што го изготвува Центарот за управување со кризи (ЦУК).



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата