Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Целосно реализирана првата бескаматна линија кредити, поддржани 738 фирми со 5,54 милиони евра

Ангеловска: Целосно реализирана првата бескаматна линија кредити, поддржани 738 фирми со 5,54 милиони евра

Скопје, 12 мај2020 (МИА) – Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Со првата кредитна линија поддржани се:  738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени, наведува министерката.

Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

-На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку @razvojnabankanasevernamakedonija , а повеќе информации за оваа линија на  bit.ly/8-milioni-beskamatni-krediti, истакнува министерката Ангеловска.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk