Утрински Весник
Македонија

Ангеловска: Ское работно место да го сочуваме, ниту еден граѓанин да не остане без приходи

Ангеловска: Ское работно место да го сочуваме, ниту еден граѓанин да не остане без приходи

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Анализите не ги насочуваме кон тоа колку работни места ќе бидат загубени, туку на тоа како секое работно место да го заштитиме и сочуваме за ниту еден граѓанин да не остане без приходите. Во оваа насока е и одложувањето на плаќањата на кредитите на граѓаните и фирмите кон банките, а ќе се преземат уште неколку мерки за да го запреме времето овие два месеца за граѓаните ако треба да живеат со помали примања, да немаат товар од враќање долгови, рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ангеловска напомена дека сите трошења се достапни за јавноста и може да се видат електронски на „отворени финансии“ зашто токму транспарентноста е еден од клулчните приоритети на Министерството.

Најновиот план, пак, што го соопшти – дека ќе бидат побарани заем до еврообврзница од 400 милиони евра и уште речиси 200 милиони евра од ММФ и Светска банка, бил споделен и со нејзината заменичка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.

-Транспарентноста во Министерството е највисок приоритет. За секои следни чекори и средства што евентуално ќе се алоцираат и потрошат, јавноста ќе биде информирана. Мојата заменичка ќе може да го следи трошењето на сите буџетски корисници, има пристап до трезорот, а имаат и сите граѓани. преку алатката „отворени финансии“. Во овие моменти сите мора да бидеме заедно, да бидеме здружени и да делуваме во интерес на граѓаните и државата, рече Ангеловска. мч/цр/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија