Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ, сите граѓани што скенирале сметки ќе си ги добијат назад средствата, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Пристигнаа доста предлози од граѓани што велеа дека треба да покажеме и ние солидарност и да се откажеме од овој дел, меѓутоа мотото на проектот е „Пари  назад кај граѓаните“ што значи дека тоа се пари на граѓаните што скенирале сметки и сега треба да ги добијат назад. Доколку пристигнат повеќе предлози и доколу граѓаните сметаат дека треба овие средства да се насочат во други мерки или во солидарниот фонд, кој ќе биде отворен, секако за тоа можеме да разговараме, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Најави дека се што пристигнува како предлог, забелешка, критика и сугестија ќе биде разгледано од економскиот тим во  Владата и ќе се преземаат соодветни мерки кои, како што рече, се  најдобри за земјата и за сите граѓани.

-Имаше одредени предлози, што сметам дека се уште посоодветни за да може секој граѓанин да ја прикаже својата солидарност, во кои се бара самата  апликација да му даде можност на граѓанинот доколку сака овие средства да ги донира во солидарен фонд. Ќе ја разгледаме и таа опција, посочи Ангеловска.

Мерката МојДДВ почна од 1 јули 2019. Досега кон граѓаните е направен поврат на средства за првото тримесечје од јули до септември и за второто од октомври до декември. Вчера заврши третото тримесечје што го опфаќа периодот јануари-март.вј/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите

Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Дурмиши: Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, очекуваме дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи