Утрински Весник
Економија

Ангеловска и Брнз онлајн разговараа за економската ситуација во земјава во услови на КОВИД-19 кризата

Ангеловска и Брнз онлајн разговараа за економската ситуација во земјава во услови на КОВИД-19 кризата

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска оствари онлајн средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз со која разговараше за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од КОВИД -19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Ангеловска информирала и за тековната состојба на економијата и соочувањето со КОВИД -19 кризата. Таа посочила дека земјата веќе ги реализира двата сета антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет  мерки, кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување.  

Од двете страни е афирмирано долгорочното пријателство меѓу двете земји и поддршката што САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој. бак/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика

СДСМ: Нема плата за Велигден за културните работници