Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

 Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.

– Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, наведува во објавата.

Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во  Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.

-Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020  390 милиони денари, април 2019 ? 135 милиони денари,наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите  и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.

Порачува да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.скс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија