Утрински Весник
Економија

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизни резерви и здравиот банкарски систем овозможија соодветно да одговориме на корона кризата

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизни резерви и здравиот банкарски систем овозможија соодветно да одговориме на корона кризата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Високото ниво на девизните резерви и здравиот банкарски систем ни овозможуваат соодветно да одговориме на предизвиците од корона-кризата, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во обраќање на годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција, што го објави на својот Фејсбук профил.

– Клучно е што во изминатиот период создадовме соодветен монетарен простор што сега ни овозможува на предизвиците од корона-кризата да одговориме со соодветни мерки, согласно со надлежностите на централната банка. Тој простор пред сѐ се темели на нивото на девизните резерви, коешто значително порасна во изминатиот период, како резултат на подобрувањето на економските фундаменти и на надворешната позиција на македонската економија, како и на здравиот банкарски систем со солидна ликвидност и адекватна капитална позиција, што се резултат и на засилената регулаторна и супервизорска рамка на централната банка, истакнува гувернерката.

Ова меѓу другото го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти