Утрински Весник
Свет

Ангела Меркел пред тежок испит на покраинските избори

Ангела Меркел пред тежок испит на покраинските избори

Денес се одржуваат избори во две германски покраини, Баден-Вуртемберг и Рајланд-Пфалц.

Овие избори, кои претставуваат тест за владеењето на канцеларката Ангела Меркел и конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), се пред сојузните избори во септември, пренесуваат германските медиуми.

Меркел е на чело на државата од 2005 година и нема намера повторно да се кандидира, што може негативно да се одрази на резултатите на ЦДУ на сојузните избори, анализираат медиумите во оваа земја.

Во покраината Баден-Вуртемберг, партијата на германската канцеларка ризикува да биде на позицијата малцински партнер на коалицијата на Зелените.

Во покраината Рајланд-Пфалц, ЦДУ уживаше и во најголемата поддршка од гласачите, но истражувањата покажуваат дека сега е надминат од социјалдемократите, пренесува Ројтерс.

Лидерите на ЦДУ стравуваат дека неуспехот на партијата на локалните избори може да влијае на резултатите од сојузните избори во септември и можното сузбивање на демохристијаните во опозицискиот блок.

На падот на популарноста на ЦДУ влијаеше скандалот што изби кога се откри дека влијателни членови на партијата ја користеле пандемијата за да остварат профит.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел