Утрински Весник
Магазин

Ана Фарис и Мајкл Барет тајно се венчале

Ана Фарис и Мајкл Барет тајно се венчале
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Веста дека Ана Фарис се омажила за Мајкл Барет доаѓа само неколку дена откога двајцата беа забележани на вечера во Санта Моника.

44-годишната актерка од Mom случајно откри дека таа и снимателот Барет се венчале во судската палата во државата Вашингтон додека разговараше со кулинарскиот експерт Гејл Симонс на нејзиниот поткаст „Ана Фарис е неквалификувана“.

Во вторникот Ана и Мајкл беа видени како уживаат во пријатна вечера со нејзиниот осумгодишен син во мексиканскиот ресторан „Талула“ во Санта Моника.

Ана и Мајкл се свршија во 2020 година. Ѕвездата на Scary Movie („Страшен филм“) ја потврди свршувачката кога гостуваше во вечерното шоу на Џејмс Корден во февруари минатата година.

 

 

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!