Утрински Весник
Магазин

Ана Винтерс во најиконскиот имиџ на Мадона за да го привлече вниманието на поп-иконата

Ана Винтерс во најиконскиот имиџ на Мадона за да го привлече вниманието на поп-иконата

26-годишната актерка Ана Винтерс направи римејк фотографии на кои ја портретира седумкратната добитничка на „Греми“ Мадона во музичките спотови Like a Prayer и Material од 1989 година бидејќи сака да глуми во нејзиниот биографскиот филм.

Ѕвездата на ТВ-серијата „13 причини зошто“ откри дека 62-годишната легенда сега ја следи на социјалните мрежи и дури и стапила во контакт со неа по прегледувањето на фотографиите.

„Сè е можно кога ќе се потрудите за она што го сакате, а имате добар талент, секако, за да го постигнете тоа“, напиша еден фан на Винтерс коментирајќи ги фотографиите на кои таа се појавува со Мадона рамо до рамо.

Изминтиот викенд актерката започна да споделува фотографии на кои ја претставува музичката икона низ годините, во обид да глуми во претстојниот биографски филм, кој најверојатно ќе го режира самата Мадона.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?