Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите

Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите
Img 7972

Амстердам, 19 февруари 2020 (/) – Амстердам ја разгледува можноста да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулињата, а истовремено истражува и нови начини како да го балансира начинот на живот на населението со потребите на туристите.

Во истражувањето во кое поголемиот број од младите туристи се изјасниле дека се одлучиле за посета на Амстердам бидејќи сакале да го искусат чувството што го нудат кафулињата во кои се продава канабис.

Околу 57 отсто од лицата кои биле анкетирани истакнале дека кафулињата со канабис се важна причина за посета на Амстердам, преку 30 проценти од испитаниците истакнале дека ретко би го посетувале Амстердам доколку не е дозволено да се посетуваат таквите кафулиња, додека 11 проценти од испитаниците воопшто не би го посетиле Амстердам.

Целта на истражувањето било да се открие најпопуларната причина за посетата на Амстердам и дали туристите се уште би го посетувале доколку достапноста на еден или повеќе од овие фактори се намали или исчезне.

Имено, Амстердам во последните неколку години се обидува да го реши проблемот со прекумерниот број туристи, бидејќи градот се соочува со голем бран на туристи кои се однесуваат лошо. ки/ сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?