Утрински Весник
Македонија

АМСМ: Граничните премини се затворени

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Делчево-Штип

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата потсетува дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата.

-Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

Сведоци за пожарот во „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не се појават на рочиште