Утрински Весник
Свет

Америка на 11 април воведува родово неутрална категорија во пасошите

Америка на 11 април воведува родово неутрална категорија во пасошите
Dik 300x250 mk

Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ (икс) за пол во нивните барања за пасош, соопшти денеска Стејт департаментот.

Соопштението дојде во време кога администрацијата на Бајден го одбележува „Денот на видливост на трансродовите“, поради напорите на некои земји да се фокусираат на трансродовите луѓе, пренесува „Ројтерс“.

„Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други форми на документација следната година“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Секој Американец ја заслужува слободата да биде свој. Но, премногу трансродови Американци продолжуваат да се соочуваат со системски бариери, дискриминација и акти на насилство, соопшти Белата куќа.

Стејт департментот објави во јуни минатата година дека граѓаните на САД можат да го изберат својот пол на апликациите без поднесување медицинска документација.

Во октомври минатата година беше издаден првиот американски пасош со ознаката „Х“, дизајниран да им даде род на небинарни и интерсексуални луѓе ознака што не е ниту „машки“ ниту „женски“.

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина