Утрински Весник
Спорт

Американци станаа мнозински сопственици на Аталанта

Американци станаа мнозински сопственици на Аталанта
Dik 300x250 mk

Група инвеститори на чело со ко-сопственикот на Бостон Селтикс, Стивен Паљука, стана мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Аталната од Бергамо. Аталанта објави дека инвеститорите купиле 55 отсто од акциите на клубот. Во соопштението се наведува дека семејството Перкаси ќе задржи 45 отсто од акциите во ла Деа, холдонг компанија, во чија сопственост беа 86 отсто од кациите на клубот.

„Семејството Перкаси ќе остане најголем поединечен акционер, а управувањето ќе се одвива преку рамноправно партнерство. Антони и Лука Перкаси ќе ги задржат своите функции, претседател и извршен директор, додека Стифен Паљука ќе биде именуван за ко-претседател“, порачаа од Аталанта.

Фудбалскиот клуб Аталанта е основан во 1907 година. Низ историјата, Аталанта освоила само еден трофеј, во Купот на Италија во далечната 1963 година.

> Американци станаа мнозински сопственици на Аталанта <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен