Српскиот кошаркарски репрезентативец – членот на Далас Маверикс, Бобан Марјановиќ ќе ја има главната улога во документарниот филм што во негова чест го снима американски „ЕСПН“.
Уште од доаѓањето во НБА лигата, српскиот кошаркарски „џин“ остави голем впечаток на американската спортска јавност, пред се со својата личност.
„Бобан е дијамант, од неговата работна етика, преку карактерот и она што го носи на теренот, но и надвор од него, стана еден од најсаканите кошаркари во НБА лигата“ велат Американците за него.
Вака изгледа седумминутната најава за документарецот посветен на кошаркарскиот центар Бобан Марјановиќ:
Boban is a gem.
From his work ethic, to his personality, to what he brings on and off the court, he has become of the most beloved players in the NBA. pic.twitter.com/lNmMXrcc39
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) May 17, 2021
> Американците снимија документарец за „џинот“ Бобан Марјановиќ <