Утрински Весник
Свет

Американско ЦДЦ: Ковид-19 го зголемува ризикот од смрт кај дебели луѓе

Американско ЦДЦ: Ковид-19 го зголемува ризикот од смрт кај дебели луѓе

Луѓето кои се многу дебели и страдаат од Ковид-19 имаат 60 проценти поголем ризик од смрт отколку оние кои имаат нормална телесна тежина, покажуваат новите податоци на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Исто така, дебелите луѓе се изложени на поголем ризик да добијат потешка форма на Ковид-19 што бара болничко лекување.

„Наодите се слични на оние од претходните студии, кои покажуваат зголемен ризик од сериозен Ковид-19 кај популацијата со прекумерна тежина“, велат во ЦДЦ.
Се претпоставува дека дебелите луѓе веќе имаат повисоко ниво на воспаление во телото, а коронавирусот ја влошува оваа состојба, особено во срцето и белите дробови.

Новата голема студија за ЦДЦ се заснова на податоци од скоро 150.000 пациенти со Ковид-19 лица во 238 болници во САД, од кои 28 проценти биле со прекумерна тежина и 51 процент биле дебели.

Дебелите луѓе со индекс на телесна маса помеѓу 30 и 34 година имале 7 проценти поголеми шанси за хоспитализација и 8 проценти поголем ризик од смрт отколку пациентите со нормална тежина. Многу дебелите луѓе со индекс на телесна маса над 45 имале 33 проценти поголеми шанси за хоспитализација и 61 процент поголем ризик за смрт.

Новите откритија ја поддржуваат приоритетната вакцинација на луѓе кои спаѓаат во категоријата на многу дебели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно