Утрински Весник
Свет

Американски сенатор: Русија нема да дозволи Алијансата да распореди оружје во Финска

Dik 300x250 mk

НАТО треба да престане да прифаќа во своите редови земји кои биле дел од Советскиот Сојуз, изјави американскиот сенатор Ренд Пол во интервју за американскиот магазин Американ Конзервтатив.

dobivaj vesti na viber

До денес, меѓу земјите кои беа дел од СССР, членки на НАТО се Летонија, Литванија и Естонија.

Според сенаторот Пол, Алијансата повеќе не треба да прифаќа такви земји во своите редови. Во исто време, сенаторот изрази уверување дека Русија нема да дозволи распоредување на оружје на НАТО во Финска.

– Кога разговараме за проширување на НАТО, мора да ни биде јасно дека преостанатите земји кои беа дел од Советскиот Сојуз нема да бидат примени во Алијансата – рече Пол.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим