Утрински Весник
Свет
Img 7972

Американски сенатор: Помогнете ѝ на Украина, но не по цена на банкрот на САД

Img 7972

Не сите во американскиот Сенат мислат дека на Украина треба да ѝ се помогне по секоја цена.

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол, кој го блокираше предлог-законот за доделување 40 милијарди долари помош за Киев, изјави дека на Украина и посакува успех, но не по цена на банкротот на САД.

„ Навистина сочувствувам со Украина и сакам таа да успее, но не сакам тоа да се случи по цена на банкрот на нашата земја“, рекол Пол во интервју за радиото VMAL DC, пренесува „Спутник“.

Претходно тој изјави дека САД не можат да ја спасат Украина, загрозувајќи ја својата економија. Сенаторот посочи дека Конгресот треба внимателно да ги пресмета трошоците што ќе ги има трезорот доколку се усвои иницијативата.

Откако гласањето за нацрт-законот за помош на Киев беше блокирано во забрзан формат, за што е доволен само еден глас против, сега пратениците на Горниот дом на Парламентот документот ќе го разгледуваат во вообичаениот формат. Претставничкиот дом го усвои нацрт-законот претходно оваа недела.

Кон крајот на април, американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да издвои 33 милијарди долари за помош на Киев, но таа сума подоцна беше зголемена на 40 милијарди долари.

Можете да прочитате

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела