Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Американски институт за проучување на војната: Украина ја добива битката за Харков

300x250 opst2

Американскиот институт за проучување на војната претходно соопшти дека Украина најверојатно ја добила битката за градот Харков, но и дека постојат податоци дека Русите се повлекуваат од офанзивата на тој град.

Во нивните последни проценки за конфликтот, аналитичарите на Институтот за војна велат дека Русија е спречена во нејзината намера да го опколи вториот по големина град во Украина и засега се откажала од таа намера.

Харков, кој се наоѓа на североистокот на земјата, некогаш го нарекувале град на тврдините, а за време на оваа војна го оправдувал своето име, пишува Би-Би-Си.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, заземањето на градот е една од главните цели на руските сили.

Американскиот институт наведува дека украинските сили ги турнале Русите до границата, но дека засега не може да се зборува за целосно повлекување на Русите, како она што се случи во предградијата на Киев кога тие целосно ја напуштија областа.

Интензивни борби се водат во регионот на Донбас, во источна Украина, објави на Фејсбук украинскиот гувернер на областа Луганск, Серхи Гајдаи.

Тој додаде дека има бројни загуби во опрема на руска страна.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари