Утрински Весник
Свет

Американски војници пристигнаа во Германија

Американски војници пристигнаа во Германија

Првите американски војници кои дојдоа како засилување на сојузничките сили на НАТО во Источна Европа и Германија, во моментот на акумулација на руската армија на границата со Украина, пристигнаа во Германија, соопшти денеска европската команда на американската армија.

„Ова се први од 2.000 војници кои пристигнаа откако Пентагон најави распоредување на дополнителни американски сили во Европа за поддршка на нашите сојузници во НАТО“, се вели во соопштението.

Во средата, американскиот претседател Џозеф Бајден нареди испраќање на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија, со цел да се заштити Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван