Утрински Весник
Спорт

Американските спортисти ќе бидат вакцинирани пред ОИ во Токио

Американските спортисти ќе бидат вакцинирани пред ОИ во Токио

Американскиот олимписки одбор, објави, дека сите кандидати за настап на Олимписките игри во Токио, пред почетокот на Игрите ќе бидат вакцинирани против коронавирусот.

Извршната директорка на американскиот Олимписки и параолимписки комитет, Сара Хиршланд, рекла дека поради брзината на вакцинирањето во САД, спортистите ќе мора да се вакцинираат пред почетокот на квалификациските натпревари за ОИ во Токио.

Една или две дози од вакцината против коронавирусот, во САД, досега примиле преку 62 милиони луѓе, што претставува 19 отсто од популацијата. Целта на Белатат куќа е до почетокот на мај да бидат вакцинирани 270 милиони Американци.

> Американските спортисти ќе бидат вакцинирани пред ОИ во Токио <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина