Утрински Весник
Македонија

Американските бомбардери прелетаа над Скопје за да го демонстрираат сојузништвото со НАТО, велат од Министерството за одбрана

Два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област, информираат од Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Во однос на прелетот на двата американски бомбардери потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.

„Денеска, граѓаните на Скопје и Северна Македонија можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, кои што го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците”, рече потполковникот Азмановски.

Бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов