Утрински Весник
Свет

Американскиот претседател: Мора да го забраниме јуришното оружје

Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди денеска, по усвојувањето на првиот голем федерален закон за безбедност на оружјето во последните три децении, дека САД се место за „рециклирање на военото оружје“ и го обнови својот повик за забрана на јуришно оружје.

dobivaj vesti na viber

Конгресот покажа малку неподготвеност да донесе забрана откако претходната забрана за такво оружје истече во 2004 година, но Бајден се надева дека ќе го искористи растечкиот американски гнев поради масовните пукања за да изврши поголем притисок врз пратениците да се предомислат, пишува Ројтерс.

Можете да прочитате

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија

Антивладини протести во Прага – 24info.mk

Трамп: САД ќе ги уништат иранските електрани ако Иран не го отвори Ормутскиот теснец во рок од 48 часа