Утрински Весник
Свет

Американскиот министер за одбрана: Украина има шанса во оваа војна, но им треба вистинско оружје

Американскиот министер за одбрана: Украина има шанса во оваа војна, но им треба вистинско оружје

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин одржа прес-конференција откако го посети Киев заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Остин рече дека потребите на Украина се менуваат како што се развива природата на борбата и дека дел од причината гледа во фактот што фокусот на војната се префрли на исток од земјата.

– На Украинците им треба оружје со долг дострел. Слушнавте дека изразиле потреба од тенкови. И правиме се што можеме за да ги поддржиме, артилерија и муниција кои ќе бидат ефективни во оваа фаза од борбата – рече Остин на прес-конференцијата што ја одржа во близина на полско-украинската граница.

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави рече дека видел индиции дека многу земји ќе пријават и ќе обезбедат дополнителна муниција и дека Украина има шанса да победи во војната доколку го има соодветното оружје.

Можете да прочитате

Летонија со повик до НАТО да ја засили воздушната одбрана на балтичките држави

Трамп праќа војска и во Портланд; „Под опсада е од терористи и од Антифа“

Лавров: Секоја агресија врз Русија ќе биде дочекана со решителен одговор