Утрински Весник
Свет

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

САД со рекорден број на заразени, Фаучи предупредува дека дневно може да има 100.000 нови случаи

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека рече дека има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија е безбедна и ефикасна.

„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата Еј-би-си њуз.

Тој потсети дека има разлика кога некој има вакцина и кога таа е безбедна и ефикасна.

„Имаме многу вакцини. Ако сакаме да им наштетиме на луѓето или да им дадеме нешто што не функционира, тогаш би можеле да започнеме да им даваме вакцини уште следната недела. Но, тоа не го сакаме“, истакна епидемиологот.

Тој пред американската јавност посочи дека кога слушаат информации за развој на вакцината во Русија или Кина, секогаш мора да знаат дека безбедносните стандарди во тие земји се различни од оние во САД.

Русија сè уште не објавила податоци за тестирање на вакцината врз луѓето, пренесува Си-ен-ен. Американските власти рекоа дека ќе дозволат вакцината против коронавирус да се користи само доколку е барем 50 проценти ефикасна.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тие се во контакт со руски научници и со нетрпение очекуваат да ги знаат деталите од тестот на вакцината.Тие потсетија дека 28 вакцини против коронавирус во моментов се развиваат низ целиот свет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме