Утрински Весник
Економија

Американскиот грант за Северна Македонија се зголемува од 8 милиони на 56 милиони долари

Американскиот грант за Северна Македонија се зголемува од 8 милиони на 56 милиони долари

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребa од склучување на нов усогласен текст на Договорот за грант за партнерство меѓу Северна Македонија и САД, и го овласти министерот на финансии, Фатмир Бесими, да гo потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

Овие средства, УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата, нагласуваат од владината прес-служба.

Можете да прочитате

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти 

Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори

„Скратена работна недела“ – нова економска мерка на СДСМ