Утрински Весник
Свет
Img 7972

Американскиот амбасадор во Русија повикан на разговори за мешање во руските избори

Американскиот амбасадор во Русија повикан на разговори за мешање во руските избори
300x250 opst2

Амбасадорот на САД во Русија беше поканет на разговор за да му се претстават непобитни докази за прекршувањата извршени од американските дигитални компании во пресрет на парламентарните избори во Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

„Тој беше поканет само од една причина – мешање во изборите во Русија“, рече Марија Захарова на својот профил на „Телеграм“.

Во посебно соопштение објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американскиот амбасадор Џон Саливан разговарал на 10 септември со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„За време на состанокот беше истакнато дека руската страна има непобитни докази за прекршување на руското законодавство од страна на американските дигитални гиганти во врска со подготовката и одржувањето на изборите за Думата“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека американскиот дипломат добил инструкции оти мешањето во внатрешните работи на Москва е апсолутно недозволиво.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас