Утрински Весник
Свет

Американска компанија започнува за завршни испитувања на вакцина против корона

Американска компанија започнува за завршни испитувања на вакцина против корона

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули.

Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање кај луѓе на вакцината mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот „Модерна“.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни луѓе за кои има голема веројатност да бидат заразени со коронавирус. Во текот на студијата ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот. Половина од нив се сојузни држави тешко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.

САД во последниве денови бележат рекорден број новозаразени лица, особено од споменатите држави.

Акциите на „Модерна“ кон средината на денот пораснаа за 2,5 проценти на американската технолошка берза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk